Дијаспората за Македонцките Работи - 1ва Епизода

Дијаспората за Македонцките Работи - 1ва Епизода

Прва епизода од серијалот дебати “Дијаспората за Македонцките Работи“ во организација на “Македонски Национален Совет“ и “Ние Сме Македонија“. Низ повеќе епизоди, ја отвораме темата за македонската дијаспора: за предизвиците и проблемите со кои се соочува македонското иселеништво и македонското национално малцинство (МНМ), за нефункционалноста на македонската дипломатија во однос на иселениците и МНМ, за незаинтересираноста на македонските институции за соработка со иселениците и МНМ. Целта на серијалот е низ дебата да дојдеме до предлог решенија за истите, креирање на проект за реализација на идејните решенија и инсистирање на институционално имплементирање на истите. Говорници ќе бидат македонски иселеници, претставници на македонското национално малцинство и претставници на релевантни институции или професори во Македонија. Во првата епизода, говориме со: Ицо Перин - д-р по историја, водител на македонска програма на радио во Мелбурн и активист за македонската кауза проф. Стефан Стефаноски - професор по физика на универзитетот Benedictine во Чикаго и активист за македонската кауза Игор Механджијски - артист, еден од основачите на “Македонски Национален Совет“ во Германија и активист за македонската кауза Елена Зарковска - поранешен конзул во Детроит, САД Горан Момироски - новинар проф. Гордана Сиљановска - Давкова - професор по компаративно уставно право и современи политички системи и парламентарно право Модератор: Ана Дукоска