Седмата епизода од серијалот дебати “Дијаспората за Македонцките Работи“ во организација на “Македонски Национален Совет“ и “Ние Сме Македонија“ е завршна панел дискусија на тема иселеници. Низ повеќе епизоди, ја отвораме темата за македонската дијаспора: за предизвиците и проблемите со кои се соочува македонското иселеништво и македонското национално малцинство (МНМ), за нефункционалноста на македонската дипломатија во однос на иселениците и МНМ, за незаинтересираноста на македонските институции за соработка со иселениците и МНМ. Целта на серијалот е низ дебата да дојдеме до предлог решенија за истите, креирање на проект за реализација на идејните решенија и инсистирање на институционално имплементирање на истите. Говорници ќе бидат македонски иселеници, претставници на македонското национално малцинство и претставници на релевантни институции или професори во Македонија. Во шестата епизода, говориме со: Нада Цицковска Димитрио - САД Јордан Петровски - Канада Сузана Поповска Абенет - Финска Дарко Мојсиќ - Катар Во склоп на завршната панел дискусија, имате можност да проследете и 3 презентации: 1. Резултати од анкетата за функционалноста на македонската дипломатија 2. Климент Серафимов - Школо од иднината 3. Владимир Грујески - Часови по македонски јазик и историја за иселеници Модератор: Ана Дукоска